Ромските демократски сили ја поддржуваат програмата на иницијатива „Гостивар кој го сакам“
Претставници на огранокот на Ромските демократски сили – РДС во Гостивар, денеска ги посетија просториите на Граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“.
Тие беа пречекани од членовите на Иницијативата кои во многу пријателска атмосфера ја претставија Програмата за „Гостивар кој го сакам“.
За време на разговорот, беа идентификувани многу проблеми со кои се соочува ромската заедница во Гостивар, а еден од нив е нивната дискриминација на позициите и различни активности.
Коментирајќи го планот на иницијативата, беа споменати проблемите за кои досега реагираше иницијатива „Гостивар кој го сакам“.
„Како граѓанска иницијатива која има за цел подобар Гостивар за сите, ги прифативме предлозите за изнаоѓање адекватно решение за многу проблеми што не засегаат сите“, рече Далипи.Исто така Далипи рече дека во принцип сите наши проекти наидоа на поддршка од Ромските демократски сили и дека поддршката за програма иницијатива „Гостивар кој го сакам“ нема да недостасува од нивна страна.
Досега, Иницијативата одржа неколку средби со претставници на политички субјекти.