Младина на ДУИ и иницијатива поставија „Игри на среќа“ пред канцелариите на Таравари
Младинскиот форум на Демократската унија за интеграција – ДУИ заедно со граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“, денеска маршираа од Green Club до зградата на општина Гостивар, носејќи импровизирани ‘Игри на среќа“ и поставувајќи ги на влезот на општината, за да ја изразат големата загриженост на жителите на Гостивар за присуството на големиот број казина во градот Гостивар.
“Таравари вети веќе пред 4 години дека ќе ги отстрани казината од центарот на градот ,затоа, токму денес пред неговите канцеларии се бара одговорност зошто тие не го напуштиле центарот на градот и зошто бројот на казина се зголеми за време на неговиот мандат.”-нагласи претставникот на Иницијативата, г. Лека Далипи, во изјавата за медиумите.
Лека вели дека во изминатите години, Гостивар стана Лас Вегас во Северна Македонија – но без неготовобогатство и гламур.
“Во ниту еден друг град во земјата немаме повеќе казина по глава на жител отколку во Гостивар. Со 41 сали за игри на среќа во нашиот град –фактички имаме повеќе казина отколку училишта и градинки! Ние сите имаме фамилии или сме родители. Не сакаменашите деца да растат во град, каде што им се закануваат кучиња скитници, нивното здравје е загрозено поради депонијата Русино или се во искушение од индустријата за коцкање. Како и многу други граѓани, велиме доста ни беше. Ова е причината зошто се вклучивме во граѓанската иницијатива „Гостивар што го сакам“ – ние, граѓаните на Гостивар, го сакаме нашиот град назад.”-изјави Лека.
Сакаме ,рече тој, град во кој не доминираат кучиња скитници, ѓубре и казина, туку безбеден и чист град во кој вреди да се живее.
“Сакаме градоначалник кој се грижи за овие проблеми наместо да ги занемари или дури и да извлече корист од нив.Таравари вети веќе пред 4 години дека ќе ги отстрани казината од центарот на градот – но четири години подоцна, сведоци сме дека ништо не се случи, имаме уште повеќе казина во Гостивар отколку порано. Уште едно празно ветување на Таравари, уште еден нерешен проблем, уште едно предавство кон граѓаните. Не можеме повеќе да ја ризикуваме иднината на нашите деца – сакаме нашата младина да се занимава со спорт и култура, да им обезбедиме модерни училишта за подобро образование, наместо да им ја уништиме иднината кај автоматите за коцкање. Затоа, ние мора да ги држиме казината подалеку од училиштата, надвор од центарот на градот.”-продолжи Лека пред присутните медиуми.
Поради ова причина,додаде Лека, ние го поддржуваме законот предложен од Демократската Унија за Интеграција во парламентот за воведување физичка забрана од 500 метри подалеку од училиштата – но, исто така, не можеме да го занемариме градоначалникот од неговата одговорност.
“Исто така, ќе се увериме дека општината веќе нема да ги пречекува казината со раширени раце, како што тоа го направи Таравари и нема да дозволиме коцкањето да владее повеќе со нашиот град. Затоа што Гостивар им припаѓа на граѓаните а не на казината!”-заклучи Лека.